Битолчанецот Андреј Марковиќ со три медали од Ваљево

0
2164

Еден златен и два сребрени медали за битолчанецот Андреј Марковиќ на меѓународниот натпревар по улична гимнастика во Ваљево.

13650515_832451980223779_1568413140_n

Од околу 100 тина учесници на натпреварот од просторите на поранешна Југославија, Марковиќ го освои првото место за кревање на вратило со оптеретување од 20 килограми, второ место за кревање на вратило без оптеретување и второ место во дисциплината склекови. Македонските натпреварувачи од Битола, Скопје и Куманово освоија вкупно 20 медали.Натпреварот во Ваљево се одржуваше три дена од 23 до 25 јули.