Битолчанецот Димитров на „ Фајнл Фајт“ во Австрија

0
1546

Македонскиот ултимејт-фајтер Ристо Димитров официјално е потврден од организаторите на „Фајнал Фајт“ спектаклот што ќе се одржи на 18 септември во Линц, Австрија, каде што ќе се бори во категоријата до 66 килограми.

Ова ќе биде 19. турнир од „Фајнал Фајт“ серијата, а Димитров првиот настап го имаше во Скопје, на десеттиот турнир, кога го совлада Гркот Георгиос Вардас. Поканата да оди во Австрија секако може да се толкува само како нова доверба во македонскиот фајтер, кој и претходно имал покана за нова борба, но не успеал да се подготви за настапот.

– За мојот противник дознав дека е млад и надежен спортист. Има австриски пасош и живее во Линц, значи ќе се бори пред своја публика. Знам дека дуелот со Пешиќ го нарекоа најкрвавиот во историјата, но не можам да речам дека Билиќ ме импресионираше. Мислам дека Пешиќ можеше да го заврши како сака, со полуга, со гушење, па дури и со нокаут. Гледав борби од него, му го видов стилот на борба, па сега градиме стратегија и тактика. Подготовките одат супер, се тренира интензивно, се надевам дека ќе го победам пред неговите. Добив помош и од општината Битола, се одѕваа и некои компании на моите барања, за што сум благодарен, особено на „КВ Линк“ и Иван и Весна Бурлијоски, кои постојано ме помагаат.