Битолчанецот Горан Бојчевски ги освојува светските сцени со кларинетот

0
793

Горан Бојчевски е кларинетист и композитор. Автор на музиката за балетот „Хе-хе-хелиум“ за кого кореографијата ја напиша Игор Киров, солист на бројни оркестри,  виртуоз кој настапува насекаде низ светот.

Инаку, роден 1982 година во Битола, Бојчевски влегува во редот на кларинетистите кои излегуваат од класата на професорот Панде Татарчевски. Како повеќекратен добитник на први награди на републичките натпревари, тој школувањето го продолжил најпрвин на Факултетот за музичка уметност во Скопје, за да во 2006 година дипломира со највисока оцена во Љубљана, Словенија.

Затворањето на фестивалот Сплитско лето во Сплит, Хрватска, ќе биде со делото Дервишот и смртта, по кореографија на Игор Киров и музика на Бојчевски.

Бојчевски има снимено неколку албуми со класична музика, а како солист настапувал и во Англија, Франција, Ирска и во други земји.

Во септември оваа година Бојчевски ќе биде дел од европската музичка конференција на која дел ќе бидат реномирани светски музички имиња меѓу кои Рабу Али Калил кој беше дел од Фестивалот на музика од светот во Битола.