Битолчанецот Иван Литовски награден на проектот Моја идеја, мој бизнис

0
1492

 

Проектот Mоја идеја, мој бизнис, беше спроведен од септември 2015 година до февруари оваа година и беше насочена кон младите луѓе на возраст од 18-30 години, кои се претприемачки ориентирани.

Во првиот дел од програмата, учесниците присуствуваа на неколку образовни модули кои им помогнаа да ги развијат нивните бизнис знаења, претприемачки вештини, како и вештините за креирање на бизнис планови. Пет од нив кои ги презентираа најдобрите и најодржливи бизнис планови, добија еднократен неповратен грант. Помеѓу наградените и битолчанецот Иван Литовски со Гнасни деца продукција.

Идејата на Гнасни деца продукција, беше оценета како иновативна и храбра и пред се создавање можност за професионален развој. Литовски веќе 2 години работел со видео монтажа на свадбени видеа за странство.

За овој проект „Моја идеја, мој бизнис“ аплицирале 70 млади луѓе, од кои сега 5 добиваат награда. Целта на проектот била поддршка на младите луѓе да останат тука и својот бизнис да го развиваат во Македонија.

Главната цел на програмата беше поттикнување на претприемачкиот дух и генерирање на нови бизнис идеи, во насока на зголемување на можноста за вработување на младите луѓе.

Дополнително кон овие пет грантови за бизнис стартапи, беа наградени уште 7 креативни студенти кои учествуваа во конкурсот Студија на случај во рамките на програмата која бараше да се развијат одржливи решенија за претходно дефинирани деловни проблеми.

 

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY