Битолчанецот Иванчо Талевски со изложба во Берлин

0
248

Во Прима центарот во Берлин е отворена изложбата „Предлози за споменици” на македонскиот уметник Иванчо Талевски, кој последниве осум години предава на Одделот за дизајн на Универзитетот Пенсилванија во Филаделфија.

Талевски, кој во уметничките кругови во Македонија и во странство е познат како уметник кој што ги комбинира строгите технички техники со единствен визуелен јазик, во Берлин се претстави со колекција на цртежи, скици, слики и скулптури кои што ја претставуваат неговата секојдневна битка да ги разбере и надмине безбројните проблеми и појави со кои се соочуваат луѓето секој ден. Секое од делата кои што главно се работени во црно бела техника откриваат засебна приказна која што за набљудувачот може да биде исклучително блиска или целосно неразбирлива.

Ivanco_-_1.jpg

Иванчо Талевски е роден во Битола каде што почнал да ја изучува македонската традиционална изработка на икони, а се образувал и во Балтимор – Мериленд, Интерлохен – Мичиген, Фиренца – Италија, како и во Филаделфија. Талевски е еден од 70 македонски уметници кои досега изложувале во Прима центарот во Берлин кој важи за неформална македонска амбасада на културата во Германија.

Ivanco_-_2.jpg

Не ретко неговиот роден крај е инспирација за неговите дела па често можеме убавините на Битола да ги видиме пренесени на платно.

Бил учесник на повеќе групни изложби низ светот а негови дела биле дел од Бит фест.

Талевски за неговото творештво е добитник на бројни меѓународни награди и признанија.

Без коментари

LEAVE A REPLY