Битолчанецот Караџовски избран за претседател на Судскиот совет

0
867

Зоран Караџовски е новиот претседател на Судскиот совет. Избран е денеска едногласно од 12 членови на советот. За разлика од вчера, кога против кандидат му беше судиката Лидија Каначковиќ, денеска тој беше единствениот кандидат за претседател.

Караџовски вети дека ќе се залага за спроведување на започнатите реформи во судството и за донесување на законски проекти за унапредување на судството во Македонија. Негов заменик во Советот ќе биде Шемседин Јусиуфи.