Битолчанецот Котевски добитник на наградата „Мајка Тереза“

0
768

На 106 годишнината од раѓањето на Мајка Тереза во Собранието доделена е државната награда Мајка Тереза.

Примариус доктор Димитар Котевски за својата долгогодишна хумана работа и достигнувања во областа на медицината е добитник на годинашната награда „Мајка Тереза“. Доделувањето на наградата се одржа денеска во Собранието на Република Македонија.

Добитник на наградата е примариус доктор Димитар Котевски целиот работен век го поминал како офталмолог и хуманист.

Котевски, паричната награда ќе ја подели на здружението на слепи од Битола, на поплавените во Стајковци и на списанието Македонско сестринство.