Битолчани на насловните страници на српските медиуми

0
3533

Голот кој ја расплака Србија. Под овој наслов со фотографија од битолчанецот Томе Лазаревски кој е дел од навивачите на трибините во Полска, белградската Б92 јавува за натпреварот Македонија-Србија.

Србија беше на чекор до неочекуваниот пласман во следата фаза со голот постигат во последните десет секунди пред крајот на натпреварот, но во последната секунда Дејан Манасков постигнува гол и Македонија обезбедува виза за понатаму.

Во продолжение е поставено и видеото со кое како што пишува Б92, Манасков го урна сонот на срските ракометари.