Битолчани прашуваа, специјалистите од Систина Офталмологија одговараа

0
915

Со цел подигнување на свеста за грижа за здравјето на очите, специјалистите од Систина Офталмологија го започнаа караванот за бесплатни советувања за граѓаните. Битолчани прашуваа, а специјалистите одговараа на прашања поврзани со ласерската корекција на диоптрија, разни видови на болести на очите, како перде, кератоконус, болести од задниот сегмент на очите и друго.

Потенцираа дека граѓаните треба да се едуцираат, предоперативно да се третираат болестите на очите за навремено да можат тие да реагираат.
-Офталмологијата е дел  од нашата општествена одговорна работа .Со овој караван на советувања кои што се поврзани со болести на очите, пред се да се допринесе на едукацијата на нашите пациенти, подобро запознавање со болестите ,подобро запознавање со нивното лекување, посебно да разбиеме една фама околу хируршко лекување на одредени болести пред се на катарактата  изјави, д-р Златко Арнаудовски, специјалист офталмолог од Систина Офталмологија

Она што ги интересираше повеќето од граѓаните е како да знаат дали се кандидати за ласерска корекција на видот . Беше речено дека кандидати се сите луѓе кои што се постари од 18 години чија диоптрија е стабилна минимум една година

– Младите пациенти кои што имаат само диоптрија им се прави само ласерска интервенција која што е краткотрајна, безболна и еднодневна, пациетот веќе веднаш после операција, функционира, може другиот ден да оди на работа, бидејќи се тоа млади особи , кои што работаат или се студенти ,тоа им е најважно и сакаат веднаш да функционираат, изјави д-р Билјана Костовска, специјалист офталмолог во  Систина Офталмологија.

– Зошто 18 години ? Бидејќи во текот на пубертеот и физичкиот раст, расте и диоптерот, односно може да се смени .Кога ги правиме испитувањата на кореналната топографија ние ги добиваме прецизно сите  меридијани на окото,  и потоа тоа го следиме, и ако после три месеци, шест месеци имаме стабилен диоптер, после 18-тата година или во континуитет во две години стабилен диоптер, можеме да пристапиме на интервенцијата со ласер.
Оваа интервенција трајно ги враќа видот и природната визија на окото. Освен тоа како што беше потенцирано од лекарите, на  пациените им се подобрувал  квалитетот на својот живот, поради фактот што повеќе не зависеле од помагалата за вид.

Ги прашавме како и на кој начин се решава страбизмот и кои се новитетите кои што тие ги овозможуваат кај нив?

-Ние страбизмот го решаваме низ две фази, првата е лекување конзервативно со определување на точниот диоптер, со препишување на одредени вежби се обидуваме да го сведиме во една нормала, доколку не успеваме тогаш размислуиваме за хируршко лекување .Започнавме и со примена на една друга метода на лекување која ,која е многу ефикасна , а од друга страна почнавме со примена и на нови методи која што е интересна за младата популација, вели д-р  Арнаудовски.

Караванот на бесплатни советувања, Систина Офталмологија, ќе го одрижи и во други градови од Македонија.