Битолчани прават туршија

0
761

Време е за туршија! Зимата се подготвува, а и долга е, треба да се јаде, велат битолчани, кои денеска ги стретнавме на пазар. Карфиол, краставички, кој што сака тоа ќе си стави, пазарот тежи од производи. Цените како лани, нема многу промени.

tursija

Битолчани кои ги анкетиравме денеска, едни велат дека ставиле, други дека ќе ставаат допрва, а трети дека ќе си купат готова.

Продавачите не се жалат, велат тој што си прави не остава, пак ќе направи.

Зелениот домат 30 денари, лутите пиперчиња од 30-50 денари, карфилот, краставичката 30 денари, морковот 40, вакви цени имаа денеска.

И кога сме кај оние кои продаваат, велат младите домаќинки се поретки, а повозрасните редовни, што од навиката да се стави, што од потреба, сепак зеленчукот се продава.

Продвачи на битолскиот пазар ни рекоа дека повозрасните пазарат за туршија, младите дали незнаат да ставаат, немале пари, но и не биле заинтересирани.

tursija 2

Што велат битолчани, нема некој мастраф туршијата, сол, вода, киселина и ете ти готово мезе за на зима. Оваа госпоѓа не за туршија, ами за зимница , ни раскажа еден рецепт за ајвар.

Вели дека ќе прави нешто со 3кг црни патлиџани и 3 кг пиперки, се мелат се пржат со 1л масло и многу убав ајвар се добивало.

Па оставаме на вас да си го направите изборот, а ако не сакате да ставате туршија , тогаш купете си готова, 100 денари килограм, мешана салата, карфиол, пегални пиперки, зелени домати, а наскоро и расол за сарми и слично.

 

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY