Битолчани ретко го пополнуваат Европскиот извештај

0
711

Многу малку граѓани го пополнуваат Европскиот извештај во случај на сообраќајна незгода. Токму тоа беше денес на дневен ред на Советодавната група на граѓани, пополнувањето на извештајот, регулатива која постои како можност од 2009-та година, но врз основа на праксата, граѓаните на извештајот гледаат скептично, иако од неа има голем бенефит.

-Тоа е придобивка и за возачите и за осигурителните компании и полицијата. Европскиот извештај се пополнуваат учесниците во сообраќајната незгода, кога е причинета мала штета, вели Димче Јошевски, Советодавна група на граѓани.dimce

Кога се работи за гоелма штета или има повредени и загинати луѓе, тогаш не се пополнува овој извештај.

-Има и други случаи кога не се пополнува, на пример ако едно од возилата не е регистрирано, кога едниот од учесниците не сака да го пополни, кога е под дејство на алхохол или наркотични средства, вели Јошевски.

Целта на состанокот е да се донесат заклучоци со кои ќе се препорача на сите учесници да го пополнуваат.

Јошевски напоменува дека со пополнување на Европскиот извештај не се констатира дека некој е виновен, учесниците го констатираат само своето гледиште на сообраќајната незгода, а тоа е потребно за понатаму да се утврди фактичката состојба и да се одреди вината.