Битолчани се качија на Пелистер да скијат

0
1622

Голем број на битолчани викендот го искористија за уживање во зимската идила на ски терените кај Копанки кој што се наоѓа на надморска височина од 1.400 метри. Првата снежна покривка дозволи старт на скијањето и љубителите на зимските спортови излегоа на терените со оглед на фактот дека последниве години се помалку снег се задржува и на Баба планина. Искачувањето со жичарницата беше бесплатно во знакот на стартот на ски сезоната.

12552873_10153881155117188_5761519451789875641_n

– Добро е денеска на Пелистер, се надеваме на добар почеток на скијачка сезона, изјави посетител

Откако во јануари 2013 година целосно изгоре планинарскиот дом „Копанки“ во процесот на легализирање на објектот се уште се чека на неговото реновирање.Љубителите на планината се надеваат дека Домот повторно ќе биде изграден.

-Потребно е место каде ќе се стоплиме, ќе се напиеме топол чај, кафе, вели посетител

-Копанки треба да се реновира, вака го нагрдува ликот на планината, вели друг посетител.

12583863_10153881167217188_1630933251_n

На Пелистер деновиве престојуваат и голем број гости од земјата и странство. Од угостителските објекти велат дека оваа зима, покрај домашните посетители, најмногу гости имаат од соседна Албанија, Србија, но и Грција.