Битолчани се спремаат за натпреварот „Street workout“ во Ваљево

0
1801

Ова се само дел од егзибициите кои четворицата битолчани ги прават секој дневно по два часа. Се работи за улично вежбање, а најчесто тоа го прават на отворено. Едноставно кажано “Street Workout” претставува тренинг со сопствена тежина кој се изведува на отворено, со користење на расположлива инфраструктура во парковите, стадионите, детски игралишта, градилишта (буквално на улица) Велат дека потребна е добра физичка подготвеност за да се занимаваш со овој спорт. Па одиме од почеток , од каде идеата за еден ваков вид на спорт

NATPREVAR 3

Пребарувајќи на интернет видов видео од улично вежбање и еден другар ме мотивираше и така почнав да тренирам, изјави Никола Талевски

Е токму уличното спортување на овие момци им донесе трето место во групно натпреварување на меѓународниот натпревар во Куманово и прво место во поединечно натпреварување ,поточно во дисциплината склевови на Андреј Марковиќ. На натпреварот имало околу 60 натпреварувачи

NATPREVAR 5

-Со овај спорт Street workout се занимавам три години и досега сум активен . Ова ми е прво такмичење во Куманово за склекови каде што го освоив првото место. Конкуренцијата беше голема имаше гости од Србија, Бугарија итн, изјави Андреј Марковиќ

KUMANOVO NATPREVAR

Street Workout ”исто така важи и за “заедница” која содржи одредена филозофија, начин на живот и е дел од модерната урбана култура. Интензитетот и разновидноста на постоечките вежби помогнува да се креира и одржува силно тело и одлична психичка состојба. Вежбите се динамични и многу од нив содржат акробатски елементи, кои го прават уличниот тренинг многу атрактивен .

-Досега сум учествувал на три настани и еден натпревар во Куманово. Дисциплините се склекови, згибови , руски згибови и фри стајл, изјави Стојан Младеновски

NATPREVAR 4

-Ова е поврзано со гимнастика, опасноста сепак постои, мора да се има познавање од гимнастика , и неможе се да се изведува на отворено бидејќи нема подлога, изјави Марио Аневски

Овие 4 ца момци велат дека уличниот тренинг има многу добри страни, како
фокус на здравје и фитнес, вежби достапни за сите без многу вложување, многу дру
жење и одлична забава. Но сепак како во секој спорт што се потребни финансии, така и за уличното вежбање. На овие момци им претстои натпревар во Ваљево Србија , но за да одат им требаат финансии.

NATPREVAR 2

-Ќе се одржува европско првенство во Ваљево кое ќе трае три дена на 23, 24 и 25. Ќе има учесници од Србија, Црна Гора, Словенија итн. Апелираме до сите граѓани и фирми кои што имаат можност да ни помогнат, да биде еден вид на спонзорство, па со самото наше учество таму ќе бидат рекламирани, изјави Андреј Марковиќ

-Групни дисциплини ќе има во Ваљево и можеме да учествуваме со групата како што сме четворицата , додаде Марио Аневски

Познавачите велат дека уште од старите времиња вежбите од уличниот тренинг биле користени и тоа од спортисти, спортски клубови и во воени организации за да изградат психичка сила. Вежбите од уличниот тренинг се дел од едукацијата во основните и средните училишта во најголемиот дел од светот.