Битолчани се жалат за некоректно однесување на медицинарите

0
279

Намален е бројот на жалби од страна на пациентите откако биле спроведени одредени санкции врз медицинскиот персонал. Граѓаните своите поплаки, предлози и пофалби за работата на здравствените работници во ЈЗУ Клиничка болница Битола веќе извесен период ги упатуваат директно до директорот и главните сестри. Директорот на оваа установа додава дека пациентите најчесто се жалат на некоректно однесување и непочитување на хоспиталната култура.

vasile najdovski 0809

Првата година имаше многу повеќе поплаки, а последниве години намален е бројот после одредени санкции. Пациентите најчесто се жалат на некоректно однесување, како и на непочитување на хоспиталната култура. Спрема сите поплаки кои се поднесени на формулар ние сме обврзани да одговориме при што се превземаат санкции. За жал има и пациенти кои неоправдано се жалат и бараат работи кои не можеме да ги пружиме онака како што замислуваат, истакна д-р Василе Најдовски од Клиничката болница Битола.

bolnica poplaki 2

Околу работата на медицинскиот и немедицинскиот персонал граѓаните своите поплаки, предлози и пофалби можат да ги упатуваат секој понеделник од 15 до 18 часот за кои одговорен е медицинскиот техничар, а додека пак, за докторите одговорен е директорот кој врши прием на пациенти секој вторник од 15 до 18 часот. Во овие термини присутно е и лице одговорно за системот мој термин.
Сите пациенти кои имаат било каква забелешка на однесувањето или непочитувањето од страна на персоналот имаат право да дојдат и да пополнат формулар според кој се превземаат адекватни санкции за оние кои не се придржуваат на правилата, рече Најдовски.

bolnica poplaki 1

Просторијата за прием на пациентите во битолската болница се наоѓа во управната зграда.