Битолчани со 20 медали се вратија од Скопје

0
825

Браинобраин е една од детските лидерски институции која веќе 10-тина години успешно ги трансформира животите на повеќе од милион деца низ целиот свет.

Има 850 успешни франшизни центри во повеќе од 25 држави во светот меѓу кои и Македонија.

На 4-тиот по ред натпревар за оваа програма кој се одржа во Скопје, учествуваа и децата од јазичното студио Лингва, кои се вратија со 8 пехари, 7 златни медали и уште неколку сребрени.

Низ процесот на браинобраин програмата, се одвива интензивен тренинг на мозокот што води кон генијални способности кај децата.Оваа програма ги развива и им овозможува на децата да ги развијат следните способности-брзина и ефикасност, континуирано учење, зголемено подобрување на концентрацијата, меморија, визуелизација, самодоверба, креативност и многу повеќе.

Целта на браинобраин програмата е секое дете во целост да ја разбуди својата генијалност и достигне повеќе животни цели користејќи ги максимално своите ментални капацитети.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY