Битолчани-врвни медицински експерти, обучуваат свои колеги на домешен терен

0
1147

Во денешница на кризи, кризи и само кризи, кога само вест е само лоша вест, ретки и необично пријатни се моментите кога можеме да известиме за некаков успех, врвно постигање и дострел, особено на некој од нашата средина. Ова е таква вест.
Битола денеска е домаќин на своите битолчани Доц. Д-р Маријан Бошевски од Клиниката за кардиологија во Скопје и Доц. Д-р Деан Богоевски од Универзитетскиот клинички центар во Хамбург, врвни медициски стручњаци кои заедно со својот колега Проф. Д-р Јоаким Зајц од Универзитетскиот клинички центар во Хамбург, Германија на своите колеги од Југо-Западниот регион на Македонија денеска во рамки на 5-тиот годишен состанок на лекари од Евро Регионот Пелагонија, Преспа и Охридско езеро, ќе им пренесат дел од своите вештини и искуства.

„Денеска во Битола се одржува 5-тиот годишен состанок на лекари од Евро Регионот Пелагонија, Преспа и Охридско езеро“- Стефан Талев, проект-организатор

Што е она што нашите афирмирани битолчани ќе им го пренесат на своите колеги?

„Мојата улога денеска е едукација во врска со најактуелниот здравствен проблем во земјава-Хипертензијата“-Доц. Д-р Маријан Бошевски од Клиниката за кардиологија во Скопје

Темите на денешната обука се „Современ третман на артериска хипертензија-ефикасност и применливост“; „Ефектите на изложеноста на ендокрино-попречувачките хемикалии врз здравјето на децата и возрасните“ и „Придонес на академскиот, медицински развој на Македонија-тригодишно резиме“.