Битолчани за земјотресот

0
1031

Вчерашниот земјотрес што се случи во Скопје во кој што беа повредени повеќе лица и беа оштетени објекти, беше почувствуван и во Битола. Некои од граѓаните кои што денеска ги сретнавме на Широк Сокак го почувствувале а некои не. Некои од нив знаеле и ги слушнале инструкциите како да се постапува во случај на земјотрес, а пак некои се присетија и на земјотресот од 1963 година во Скопје. Повеќето од анкетираните се сложија дека во случај на земјотрес најбитно е да не се создава паника.