Битолчаните Спенк на голема европска турнеја

0
187

Битолскиот панк рок и ска бенд Спенк, после промоцијата на третиот албум во Битола , Скопје и Куманово ,одат на едномесечна концертна турнеја низ Европа.

Па така во новите песни -Разум, Утопија, Живеам, Вистина, Духови, Празни зборови, но и музичкиот материјал од останатите албуми ќе уживаат љубителите на добриот панк рок звук во повеќе европски држави.

Spunk_-_1.jpg

Турнејата е заедно со групата Новиот почеток од Скопје и ќе се одвива во Хрватска, Србија, Словенија, Германија, Белгија, Чешка.

Спенк зад себе имаат два албуми , еден е самоиздадениот демо албум „Chose your side” и „One step ahead” под етикета на „Sixtynine records”.
Во своето повеќе годишно постоење овој бенд во кој членуваат Владко Симоновски, Мирко Пејковски и Иле Улевски, креира оригинална авторска музика и претставува бенд кој што со својата позитивна енергија и енергични настапи, преку панкрок музика влева оптимизам, надеж и уште едно културно будење кај младата популација.

Spunk_-_2.jpg

Во Црна Гора бендот ја делеше бината со познатите Хладно Пиво, Eyesburn и многу други. Исто така Спенк се појавија на документарен филм за Битолската рок сцена.