Битолчаните The Government на сцена со Партибрејкерс

0
193

Како предгрупа на “Партибрејкерс” настапи рок бендот “The Government” кои со своите песни ја загреаа атмосферата на Широк сокак.

Пред многубројната публика го промовираа својот нов албум “Разбуди ме”.

Песните на овој бенд на кој членовите скоро 15 години се на сцена како дел од различни бендови, се снимани подолг период а официјална промоција се очекува наскоро.

gaverment2.jpg

За фестивалот Битола отворен град велат дека е еден од најубавите ивенти во Битола на кој настапувале и во првите изданија.

Наредниот период ќе настапат на повеќе фестивали изведувајќи ги песните од Разбуди ме.

Меѓународниот арт фестивал “Битола Отворен Град 2015” во организација на Младинскиот културен центар Битола се одржа од 25 до 27 јуни донесувајќи програма со повеќе културни настани.