Битолчанка прогласена за вешта жена на Македонија

0
5927

На републичката манифестација „Вешта жена“ која се одржа во манастирскиот комплекс во тетовското село Лешок, битолчанката Емилија Стаманџиевска го освои првото место.

Три години учествува на „Вешта жена“, а за прв пат на републички натпревар. Масата која и го донесе првото место на Емилија беше насловена „Патот кон богатството“.

Битолчанки секоја година од републичкиот натпревар се враќаат со високи награди, и оваа година е доказ за тоа. Оваа година и Мирјана Ракососка доби награда, го освои третото место во категоријата „Гран При“ а темата на масата беше „Пролетно будење“.

Диплома на манифестацијата освои и битолчанката Наташа Спировска.

Оваа манифестација се одржа по 25-пат, a креативните вешти жени од цела Македонија ги покажаа своите способности, каде што секоја  наредна година се усовршуваат, а тоа се докажува  преку креациите на масите. На републичката манифестација која се одржува во Тетово учество зедоа победничките од регионалните натпревари кои се одржуваат во повеќе градови во Македонија.