Битолчанка сама ќе ја брани честа на Македонија на ЕП во Загреб!

0
261

На Европското првенство во кошарка во Хрватска, има околу 500 волонтери, кои се грижат работите да бидат беспрекорни, а учесниците да имаат идеални услови, а интересно е што само една од нив доаѓа од Македонија. Александра Караицовска од Битола, која е родена во 1993 година и е голем љубител на спортот.

„Отсекогаш сакав да бидам дел од едно големо Европско првенство. Чест и привилегија ми е што сум тука и што сум единствена од Македонија. Во Словенија пред две години го пропуштив рокот да се пријавам и да помагам во организацијата, но затоа, сега го направив тоа“, вели Александра, за порталот sportmedia.mk.

Таа решила да се пријави и да биде дел од ЕП затоа што Хрватска е една од нејзините омилени земји, а Загреб, пак, нејзина добропозната дестинација каде има пријатели.Пречка не и бил ниту фактот што сама си ги подмирува трошоците за престој во хрватската престолнина, сѐ со цел да биде дел од оваа фантастична манифестација.

„Имаше голем интерес, но моите другарки се откажаа поради лични обврски. За мене ова е прв настан во странство, а во Македонија сум била дел само од Европското првенство во ракомет до 18 години. Покрај од домаќинот Хрватска, најмногубројни се колегите од Словенија, Грција и Србија. Интересно е сѐ, тука сум од кога почнаа подготовките на кошкаркарите на Хрватска и минувам одлично време низ кое стекнувам многу нови пријатели“, вели битолчанката.

http://sportmedia.mk/kosharka/reprezentacija/aleksandra-karaicovska-volonterka-zagreb-ep