Битолчанка во Гамбија ги учела земјоделие, ора и песни

0
1847

Таа  заврши постдипломски студии по органско земјоделство и прехрамбени системи на универзитетот во Штутгарт. Додипломските студии ги завршила како првенец на генерација во соседна Грција. Претходно како член на Младинската кошаркарска репрезенатација на Македонија била стипендист во средно училиште во Америка. Таа е девојката која што заедно со жителите од Гамбија Африка ја пееја Битола мој роден крај и Македонско девојче. Денеска со нас во актуел на ТЕРА Александра Павловска.

aleksandra-2
-Се запишав на магистерски студии во Германија, имав многу можности за работно искуство во Африка и Азија и ја избрав Африка, бидејќи мислев дека таму ќе добијам подобро искуство во врска со земјоделие. Германска фондација имаше итен повик за истражувач во Гамбија, сосема случајно аплицирав, не ни очекував дека ќе бидам примена. Истиот ден од нив добив повратен одговор дека токму јас сум избрана да одам во Гамбија. Бев сместена во Фарафени на северот на Гамбија, близу границата со Сенегал.

intervju-aleksandra-29-09-still005

Единствено како вид на технологија што користат таму, тоа се соларни панели за наводнување на зеленчуковата градина.

intervju-aleksandra-29-09-still006
Јас ги научив техничките аспекти за наводнување, да научат дел од нашата земја, да научат за Битола бидејќи многу ја сакам. За Македонија немаа слушнато. Јас од нив научив дека среќата е во малите нешта, дека тие луѓе и покрај гладувањето се секогаш насмеани. На нивниот јазик научив да кажам „сумо ле“ што значи „како си“. Својата иднина ја гледам надвор од Македонија. Но на крај ќе речам како дома нема никаде, вели во интервјуто на ТЕРА Александра Павловска.