Битолчанката Ана Анѓелевска со награда од Малта

0
1890

Младата Ана Анѓелевска од Битола, ја освои публиката и жири комисијата на интернационалниот детски фестивал во Малта, од каде се врати со награда.

Критериумите за учество беа изведба на една песна на мајчин јазик и една на странски. На фестивалот учествувале деца од повеќе земји.

На Ана ова не и е прво учество на фестивал, имено таа настапи и на двата фестивали на Тра ла ла оваа година каде ја освои највисоката награда, после што следуваше поканата за учество на фестивалот во Малта.

Директорот на Тра ла ла, Тони Алексовски кој воедно и е член на повеќе жири комисии на детски фестивали низ светот, го истакна задоволството од успешното претставување на членовите на Тра ла ла на фестивалите и ја најави посетата на фестивал во Литванија, на кој фестивал ќе настапуваат Андреа и Илона Шундовски.