Битолчанката Ана Гаштарова со награда на фестивал во Полска

0
186

Младата и талентирана Ана Гаштарова од Битола учествуваше на 36-тиот Меѓународен фестивал на песни и танци во Конин, Полска, како единствен претставник на Македонија и претставник на интернационалниот фестивал Тралала од Битола.

На фестивалот зедоа учество околу 2000 учесници во различни категории. Ана учествуваше како солист во групата од 14-16 години. Фестивалот се одвиваше во неколку фази.

gastarovska2.jpg

Првиот ден беше елиминациона фаза и се одржуваше во Центарот за култура. Следниот ден беше финалната вечер. Ана и на двата настапи испеа одлично и беше поканета да пее на Гала вечерта. Гала вечерта се одржа во амфитеатарот “Na skarpie” пред повеќе од 5000 луѓе.

Како и на сите настапи, така и на Гала вечерта пејачите беа придружувани од „Конин Бенд” Оркестарот. На Гала вечерта беа прогласувани добитниците на награди, а помеѓу нив се најде и Ана која го освои одличното 2 место, каде што истовремено добипокана за учество на фестивал во Финска наредната година.