Битолчанката Дијана Трајковски со автентичен настап на својата венчавка

0
23258

Битолчанката Дијана Трајковски ги воодушеви сите присутни на својата венчавка со оргиналниот настап.

Таа повеќе години живее и работи во Австралија.

На венчавката на која настапија Анета и групата „Молика“ кои периодов се на турнеја во Австралија, а во агендата не ги исклучија ниту ангажманите на свадбени веселби,невестата го привлече вниманието на гостите настапот на удирачки инструменти.

Трајковски завршува средно музичко училиште во Битола во класата по удирачки инструменти кај професорот Вангел Шурбевски, а вeќe вo 2003-тата год. добитник е на Специјалната прва награда од стучното жири на Музичката Академија во Скопје.

Непосредно по нејзиниот матурски соло концерт во Домот на Арм во Битола, Диана заминува во Мелбурн , Австралија каде и го продолжува своето високо образование и во 2006 дипломира.

На натпреварот за удирачки инструменти во Сиднеј, Австралија беше наградена со Второ Место на цел континент.

Почесен член е на хуманитарната организација Надеж со средиште во Мелбурн, а воедно има добиено и благодарница за нејзините соло настапи за време на хуманитарни акции.

Во текот на нејзините студии таа имаше можности да се сретне, да комуницира и да соработува со многу значајни личности од уметничкиот свет од областа на музиката. Во листата на нејзини професори се вбројуваат еминентни професори од музичката сцена на Австралија и светот.

Диана беше дел од речиси сите спектакуларни случувања на музичката сцена во Мелбурн таа имаше редовни настапи како со симфонискиот оркестар на Викторискиот Колеџ за Уметности, така и со ансамблот за удирачки инструменти, но и соло настапи .

Во нејзините настапи се вбројува и оној од 2006-тата на Игрите на Комонвелтот кој за неа а и за сите присутни музичари на тој спектакл во кариерата ке значи отворање на светските врати на музичката индустрија.

Диана има настапувано во сите престижни сали на Мелбурн.

Првата девојка е која во својата академија во Мелбурн го промовираше и презентираше македонскиот тапан како едно од најголемите национални богатства, македонски бренд и гордо настапувала на повеке значајни манифестации .

Таа е македонски Амбасадор за кој светот допрва ќе слуша и ќе се воодушевува на нејзиниот талент.