Битолчанката Оливера во Бразил на Маракана со државното знаме

0
8372

Бразилската „Маракана“ уште еднаш блесна во целиот сјај, на отворањето на Параолимписките игри. Над 4300 натпреварувачи од 159 земји дефилираа на најпознатиот светски стадион.

14231236_1456076344409372_3110102673351291193_o

Најдобрите македонски стрелачи Оливера Наковска -Бикова и Ванчо Каранфилов заедно со останатата наша параолимписка делегација се наоѓа во Рио де Жанеиро каде што ќе настапат на 15 параолимписки игри, а Наковска-Бикова го носеше македонското знаме на свеченот оитворање на стадионот Маракана.

14249822_1456080041075669_2233552950036283362_o

Македонските натпреварувачи Оливера Наковска Бикова (10м воздушен пиштол) и Ванчо Каранфилов (10м воздушен пиштол) ќе настапат утре.

14184279_1456080477742292_1969788414191920607_n

Бразилскиот пливач Клодоалдо Силва имаше честа да го запали олимпискиот оган.

5055645

Новиот претседател на Бразил Мишел Темер беше пречекан со бурни свирежи од целосните трибини на “Маракана”. Во следните 11 дена на спортските капацитети во Рио де Жанеиро 4300 од најдобрите параолимпијци во светот ќе  си ги мерат сили во 22 спортови за распределба на 528 медали. Најголемата делегација е кинеската – 308 спортисти, кои ќе се обидат да ги подобрат постигнувањата  на 95 златни медали од Параолимпиадата во Лондон.

5055646

Во изминатите две децении, нашето спортско стрелаштво е најтрофејниот спорт, особено во делот на Параолимписките игри, почнувајќи од златото на Бранимир Јовановски на ПОИ во Барселона 1992, среброто на Ванчо Каранфилов во Атина 2004 и златниот медал на Оливера Наковска-Бикова во Лондон 2012.

14207780_1456076587742681_7775479867887222129_o

Без коментари

LEAVE A REPLY