Битолчанката Софија го преприва Охридското езеро

0
482

Професорка по латински јазик од Битола, Софија Бејковска Чачоровска (29) вчера сама рекреативно го преплива Охридското Езеро. Десет часа пливаше Софија од Свети Наум до Охрид, или во должина од околу 30 километри.

„Збунета сум сега. Болката во мускулите е голема, но радоста е уште поголема. Желба ми беше уште како дете да го препливам Охридското Езеро, чисто за да кажам дека во Битола ни треба затворен базен за да можеме некогаш да оствариме добри резултати“, изјави Бејковска Чачоровска  за порталот Охрид њуз.