Битолчанки на скопскиот маратон

0
3057

Битолчанките Билјана Сивева и Ајнур Абдуловска, учествуваа на скопскиот маратон.

Ова не е нивно прво учество на овој настан, така што идната година можат да дадат убав пример на останатите љубители на овој спорт за учество или пак за бодрење на натпреварувачите.

Во 2014 трчале за прв пат на полумаратонската трка. Во 2015 биле пријавени но ден пред почетокот, маратонот бил откажан поради немирите во Куманово. Оваа година исто така трчаа на полумаратонската трка (21 km 97 m).

– Самиот настан е многу добро организиран со сите елементи кои би требало да го пратат еден ваков голем настан: медицински екипи, освежителни станици, волонтери. Најмногу ни се допаѓа што низ „метрополата“ има многу позитивна атмосфера- истакнуваат Билјана и Ајнур и додаваат- речиси по целата патека има навивачи од сите возрасти кои ги бодрат тркачите. Има многу интересни транспаренти кои ја прават позабавна целата трка. Се на се би препорачале на секого да се пријави барем на трката од 5km и да го почувствува адреналинот од еден таков масовен настан.

Кога трчате имате впечаток дека сите се забавуваат и тркачите и навивачите.

-Најверојатно ќе се пријавиме и в година. Но мислам и се надевам дека ќе биде тоа на маратонската трка.

Инаку секој што неделно може да трча 21 km мислам дека за околу 2-3 месеци можи да се подготви за полумаратон.

На овој начин со самото учество на маратонот, Билјана и Ајнур го афирмираат маратонското трчање како спортска дисциплина.