Битолчанки вешти жени

0
2150

 

Годинава во ресторанот на хотел Премиер се одржа јубилејното, 20-то по ред издание на манифестацијата Вешта жена.

Манифестација каде битолчанки ги покажуваат своите креативни способности со припремање и декорација на храната.

На овогодинешното издание, на видео бим беше прикажано и ретроспективно видео за активностите во текот на изминатите 20 години.

– Битолчанки секогаш не воодушевуваат со своите кулинарски креации-истакна претседателката на Вешта жена на ниво на Македонија-Снежана Стојановска.

Оваа година манифестацијата Вешта жена одбележува јубилеј од 25 години постоење.

На јубилејното издание, првото место отиде во рацете на Наташа Груевска, во редовна дисциплина, а гран при учесничка која директно оди на натпреварот во Тетово е Весна Петровска.