Битолска екипа за претставата Лазаревото писмо во Штипскиот театар

0
965

Најновата претстава на битолскот режисер Љупчо Ѓоргиевски, Лазаревото писмо, беше премиерно изведена во народниот театар во Штип.

Се работи за адаптација на делото на Живко Чинго.

Во Лазаревото писмо работите се случуваат во шеесетите години, време со кое режисерот нашол аналогна врска со денешното.

Живко Чинго оставал трага секаде каде што ќе се појавел и до се’ што ќе се допрел – и во творештвото и во животот.

Ѓоргиевски по петти пат режира во штипскиот театар. Во Лазаревото писмо играат дванаесет актери, од кои четворица се гости мегу кои-Владимир Тулиев, Милорад Ангелов, Пеце Ристевски, Виктор Арев, Ефтим Трајчов Гаурски, Ангелка Нашкова, Марија Минчева, Елена Шорова, Надица Петрова, Марија Димитрова, Никола Стефанов, Никола Кузелов, Нела Ангелова, Емилија Ристевска.

– И покрај хуморот кој произлегува од ситуациите, на крајот публиката останува со голема грутка во грлото, истакнуваат актерите.

Лазаревото писмо досега е поставена само два пати, во МНТ. и Народниот театар во Куманово.

Музиката во претставата е на Марјан Неќак, костимите на Андреј Ѓоргиевски а сценографијата на Благој Мицевски.