Битолска куќа, нова гостилница за сладокусци

0
2762

Македонската кујна и македонската традиција сплотени во една приказна, приказна која ќе ја доживеете во гостилницата Битолска куќа.

Вратете се во минатото, во историјата со прекрасната музика, македонската храна, македонското вино.

Гостилницата Битолска куќа, е новоотворено место во Битола, кое ќе ви ја раскаже надалеку познатата битолска традиција преку битолските специјалитети и кулинарски мајсторства.

Најквалитетна скара, топол амбиент и врвна услуга за задоволството na гостите.

Македонски специјалитети во комбинација со вкусните македонски вина, традиционална храна во релаксиран амбиент.

Ова е место каде се тежнее да се создаде една пријатна атмосфера.

Тежнеат и секој посетител да им биде пријател. Тежнеат и кон тоа, гостите да можат да го нарачаат вообичаеното, но и да го вкусат секој новитет кој го имаат во битолската гостилница, затоа што мотивот е никогаш да не згасне креативноста, таа да биде водилка во работата кон откривање на нови комбинации кои ќе ги задоволат различните вкусови.

Така, покрај традиционалната кујна, овде се нуди и нешто ново, зачинето со сенсот на вештите мајстори.

Ако барате место каде храната ќе ја доживеете со целиот нејзин интензитет, ако барате место каде вашите сетила ќе доживеат комплетно задоволство, тогаш би можеле да ја посетите гостилницата Битолска куќа.

Овде се организираат и забави и прослави од секаков вид .

Посетете ја гостилницата Битолска куќа и заедно со вредниот тим, раскажете ја приказната за Битола.