Битолска премиера на филмот 3 дена во септември

0
366

Три дена во септември“, дебитантскиот игран филм на режисерот Даријан Пејовски, во продукција на Скопје Филм Студио, ја имаше својата премиера и во Битола.

Три дена во септември е психолошки трилер, во кој двата главни женски ликови, преку меѓусебниот однос ги разоткриваат своите тајни и трауми.

Улогите ги толкуваат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Милица Стојанова, Салаетин Билал, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Крјезиу, Ментор Зимберај, Блерим Черичи.

Сценариото го напишаа Даријан Пејовски и Игор Иванов, директор на фотографија е Димо Попов, Александар Пејовски е композитор на оригиналната музика, монтажа – Владимир Павловски, дизајн на звук – Игор Поповски, сценограф е Снежана Поњавиќ-Муча, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, шминка на Симона Ристевска.

Продуцент на филмот е Томи Салковски. „Три дена во септември“ е копродукција помеѓу Скопје Филм Студио и Иконе Студио од Косово.

Светската премиера на овој филм беше на овогодинешниот Филмски Фестивал во Монтреал.