Битолската „Еко Клуб“ со нова инвестиција

0
4950

Почна да се гради  логистички  центар  каде привремено  ќе се складираат  производи од Унгарија  пред да се дистрибуираат  до крајните потрошувачи.  Од тука ќе се снабдуваат и останатите земји од регионот.

– Домашниот инвеститор  Еко Клуб кој го гради  центарот, ќе вложи 1,5 милиони евра и ќе отвори 80 нови работни места. Објектот ќе се протега на површина од 13. 000 метри квадратни и плус 8000  квадратни метри деловни простории, изјави Сашо Јанакиевски Еко клуб Битола

Новата инвестиција која се гради во зоната во општина Илинден дополнително ќе ја зајакне економската соработка меѓу двете земји.

– Пред 2 години за прв пат тука отворивме претставништво на Унгарската трговска комора за Западен Балканот, што придонесе за нагло зголемување на обемот на размена меѓу нашите земји. Благодарејќи на ова и на успешно реализираните бизнис форуми во повеќе градови во Македонија, во 2014 година постигнавме најголем обем на размена дотогаш. Оваа размена во 2015 година ја зголемивме за уште 36 насто, а годинава за нови седум проценти, изјави  Јозеф  Бенце- Амбасадор на Унгарија во Македонија

Ова е еднинствен ваков центар на унгарски производи  во регионот.

Со работа треба да почне во втората половина следната година.