Битолската меѓународна изложба на кучиња ги надмина сите рекорди

0
719

Градскиот парк во Битола викендов беше местото кое го привлече вниманието на битолчани.

Имено тука се одржа 13 -тата по ред -Меѓународна изложба на сите раси кучиња „CACIB Битола 2016“.

Оваа година беа изложени 185 кучиња, од 55 раси,а освен од Македонија, учесници имаше и од Шведска, Германија, Франција, Италија, Романија, Србија, Грција.

И оваа година жирито го сочинуваа меѓународни судии и тоа Миле Алексовски од Македонија, Тијана Конрад, Наташа Давидовиќ и Ненад Давидовиќ од Србија.

Кинолошкиот викенд во организација на Кинолошкиот сојуз на Македонија продолжи во Прилеп.

Покрај учесниците на изложбата, дојдоа и голем број битолчани и љубители на кучињата за да уживаат во настанот.