Битолската ВМРО ДПМНЕ побара оставка од Заев од функцијата градоначалник на Струмица

0
1774

„ Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес се собра да побара оставка!
Оставка од лицето Зоран Заев, градоначалник на Струмица.
Веке изминува четвртиот ден, откако аболицираниот криминалец Заев не си дава оставка, а СДСМ-Битола се плаши да му каже дека ја уништува партијата. Четврти ден откако СДСМ јавно бега од одговорност, а приватно говорат дека сè додека се партија предводена од криминалец аболициран за украдени 8 милиони евра не може ниту да се надеваат дека ќе ја добијат довербата од граѓаните. Четврти ден откако СДСМ Битола одбегнува да одговори кој е единствениот аболициран политичар за криминал во Република Македонија и која е единствената партија предводена од аболициран криминалец.
Владимир Талески е жртва на насилството и деструкцијата кои Зоран Заев ги врши врз Македонија и нејзините институции. Владимир Талески е жртва на класична политичка манипулација со јавноста, чија цел не е спроведување на законот, туку очаен обид на СДСМ по серијата погрешни и неуспешни чекори, да ги мотивира своите приврзаници и членови, во својот очаен обид да го подигне својот низок рејтинг“ рече Силвана Ангелевска потпретседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола.