Битолски актери во македонскиот филм Обожение

0
1526

“Обожение” е дипломски филм на студентите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.
Премиерата во Битола е дел од програмата на Центарот за култура за 2016 година.

Филмот “Обожение” е реализиран во форма на триптих.

Актерската екипа е составена од Петар Горко, Димитар Ѓорѓиевски, Катерина Чакмакоска Клинческа, Катерина Аневска, Митко Апостоловски, Соња Михајлова, Владимир Ѓорѓијоски, Милан Секулоски, Михајло Миленкоски, Димитар Црцороски, Марио Марковски.

Во него се следат приказните на ликови кои борејќи се со егзистенцијата ја оживуваат изгубената духовност во нив и луѓето околу нив.

Покрај Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов кои ги потпишуваат режијата и сценариото на филмот, останатиот дел од екипата го сочинуваат директорите на фотографија Влатко Џикоски и Панче Пренџов, а автор на музиката е Горан Трајкоски.

Битолчаните The Government, се заслужни за темата „Црна земја“, која е и саундтрак за филмот „Обожение“.

Маската и шминката на филмот се на Сашо Мартиновски, а продуценти на проектот се самите автори Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.

Филмот после Битола на 19 и 20 февруари, ќе се прикажува и во Кинотека на Македонија, а ќе учествува и на многу престижни фестивали низ светот.