Битолски мерцедес изгоре во големиот пожар

0
824

Битолски мерцедес 220 cdi, настрада во пожарот кој избувна вчера доцна попладнево кај селото Цапари, а потоа се прошири и на кај Ротино.

11992061_10205060627932270_111431974_n

Околу 19:45 минути на стариот пат по кој се движел, мерцедесот бил зафатен од пожарот, а сопственикот кој ни ги испрати овие фотографии вели дека патот не бил блокиран во моментите кога пожарот се ширел.

11995578_10153174661903106_1057761167_n

Пожарот се појавил кај 18 часот некаде кај Цапари, каде горела нискостеблеста шума. Ветерот кој доцна попладнето го имаше во регион, овозможил брзо ширење. Луѓето со кои разговараше репортерот на Тера, рекоа дека пожарот се шири на кај селото Ротино и стравуваат од голема катастрофа, а од противпожарната екипа советуваат да не се оди кон селото.

11992607_10153174657253106_1993233096_n

Жителите во паника реагираат за како што велат дека со едно возило пожарната интервенирала, а очевидци тврдат дека другите возила кои пристигнале неможеле да се употребат.

12000087_601472619993063_410629618_n

Неофицијално, според кажувањето на жителите била зафатена и една викендица.

11997400_601472623326396_1246615202_n

Инаку заради реконструкцијата на магистралниот пат Битола- Ресен од пред неколку дена, сообраќајот е пренасочен по стариот пат.

11997304_601475993326059_1626516337_nПред малку на месото каде што е пожарот пристигна градоначалникот Талески.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY