Битолски Младост ги собра медалите во Задар

0
439

КК Младост е најуспешна екипа на 11 меѓународен турнир „Воштарница Куп 2015“ кој што од 3 до 5 Јули се одржа во Задар (Хрватска). Турнирот беше во организација на кошаркаркиот клуб „Воштарница“ и нивниот претседател Томислав Кларица. На истиот учествуваа екипи од Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија. Младост настапи во категориите: момчиња родени 2000/01, момчиња родени 2003/04, девојки родени 1999/2000 и девојки родени 2001/02. Најголем успех постигна екипата момчиња родени 2003/04, која што го освои второт место во силната конкуренција на домаќинот, Пакоштане (Хрватска) и Цазин (БиХ). Девојките во двете категории го освоија третото место во силна конкуренција на екипите на Задар и Шибеник. Во категоријата момчиња родени 2000/01 конкуренцијата беше најголема, а Младост го освои одличното петто место. Сите учесници добија медали и пехари од организаторот.