Битолски театар на Шекспировиот фестивал во Нови Сад

0
166

Ансамблот на Народниот театар од Битола – настапи на вториот „Шекспиров фестивал”, кој се одржa во Нови Сад.

На фестивалот ја изведоа претставата „Отело” во режија на Диего де Бреа. Како што е познато, станува збор за драма што Шекспир ја напишал во 1604 година.
Тоа е претстава што, освен врвна актерска игра, изобилува и со светлосни ефекти и со музика што не ја остава рамнодушна публиката, впрочем така беше на „Охридско лето”, „Битолски Шекспиров фестивал” и на други театарски сцени.
Фестивалот го отвори театарот од Белорусија со претставата „Кралот Лир”, а театарската програма на фестивалот ја затвори токму битолскиот театар на 28 јуни.
Во претставата играат- Борче Ѓаковски, Катерина Аневска, Марјан Ѓоргиевски, Иван Јерчиќ, Николче Пројчевски, Валентина Грамосли, Петар Горко и Илина Чоревска.
Режисерот и директор на фестивалот, Никита Миливоевиќ, годинава освен театарот од Битола, покани и театри од Иран, Белорусија, Велика Британија и домаќинот. На овој меѓународен настан, освен театарски претстави имаше работилница и проекција на филмови од Орсон Велс работени според делата на Вилијам Шекспир.
Неда Маретиќ