Битолски театар специјални гости на дефиле во Санкт Петербург

0
224

Битолски театар деновиве гостува во Санкт Петербург, со претставата- Без паника, која ја освои македонската публика на сите гостувања низ државата а воедно ја доби првата награда на фестивалот Гола месечина во Скопје. Во истата играат Никола Пројчевски, Марјан Ѓоргиевски и Александар Копања а е во режија на Благој Мицевски.

На големата прослава што се случуваше во центарот на Петербург по повод основањето на градот а на која зедоа учество повеќе од 100 актери од сите театри во градот, учествуваа и Битолските актери како специјални гости од Македонија.

NT_Bitola_Vo_Rusija_-_2.jpg

Во театарот Достоевски, битолските актери ќе ја изведат Без паника во рамките на манифестацијата “Денови на Достоевски” која трае цел месец.

Воедно на денот на изведбата, актерот Александар Копања го слави својот роденден.

Гостувањето е резултат на долгогодишната соработка на Битолскиот Театар со театри од Петербург а е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија.