Битолскиот клуб на фанови на Јувентус се подготвува за навивање за својот тим

0
4652
На старото место во кафе бар Интермецо денес голем ден за битолските навивачи на Јувентус.
Немаме информација каде ќе биде средбата на битолските навивачи на Реал ?!?

Предводени од легендарниот Џанлуиџи Буфон, Јувентус е во мисија да ја прекине „црната“ серија од шест последователни загубени финалиња. Тренерот Масимилијано Алегри е среќен што неговите избраници ќе имаат мошност да настапат на големиот спектакл.

-Да се дојде до финалето е голем успех. Финалето на Лигата на шампионите е едно, како кај Суперболот, и тогаш мора да бидеш прав човек на право место. Одушевен сум што имаме ваква шанса, изјави Алегри.

Неговиот колега од спротивниот табор, Зинедин Зидан смета дека двата тима имаат еднакви шанси за успех.

-Мечот со Јувентус е посебен за мене, бидејќи во Торино поминав голем дел од мојата кариера и многу научив за фудбалот. Сега сум во Реал Мадрид, клубот на мојот живот и ќе направам се за да дојде до трофејот. Шансите се 50:50, порача Зидан.

Еуфоријата во Италија и Шпанија е огромна, дали Реал по 12 пат ќе биде шампион или Јувентус по трет пат во историјата.

Натпреварот во Кардиф почнува вечер во стандардниот термин за ЛШ од 20 часот и 45 минути.