Битолскиот Контра кадар инспирација и за Скопјани

0
385

Дебатното кино Контра кадар, оваа година одбележува 3 години постоење. Формирано од група на ентузијасти, вљубеници во филмската уметност, во текот на изминатите години на битолската публика им нуди богата програма на интересни филмски наслови, после кои следат дебатните дискусии.

Контра кадар е платформа која на Битолчани им нуди искажување на своето мислење, поврзано со филмските проекции.

Као лајт мотив послужува и за отварање на дебатно кино Контра кадар и во Скопје.

Во рамките на одбележување на 3 годишното постоење веќе се подготвува програмата, на која ќе присуствуваат и меѓународни гости, а во меѓувреме секој четврток продолжуваат со дебатните проекции во малата сала на Центарот за култура.