Битолскиот музеј во потрага по експонати за Татарчеви

0
221

Во тек е реконструкцијата на Куќата на Татарчеви во Ресен, проект кој е дел од програмата на Владата и Министерството за култура, а кој има за цел да овозможи на достоинствен начин да се сочува споменот за делото на еден од основачите и првиот претседател на македонската револуционерна организација, д-р Христо Татарчев, велат од Заводот и Музеј Битола. Во рамките на овој музеј ќе бидат изложени документи, научно-верификувани факти и аргументи кои говорат за историјата на ова ресенско семејство, за големата жртва и придонесот на д-р Христо Татарчев кој целиот свој животен век и го посвети на својата визија за обединета и демократска Македонија.

Затоа од Заводот и Музеј апелираат до граѓаните доколку поседуваат предмети од крајот на 19 и 20 век кои се поврзани со ова ресенско семејство но, и со приликите од тој период да се обратат до Заводот и Музеј Битола и да ги понудат експонатите за подарок или откуп, со цел да ја збогатат постојаната музејска поставка на Куќата на Татарчеви. Граѓаните кои своите предмети ќе ги подарат ќе добијат посебни благодарници од премиерот. Предметите кои ќе бидат понудени за откуп ќе бидат оценети од стручна комисија.