Битолскиот Шекспир фестивал во европската асоцијација на Шекспир фестивали

0
408

Македонскиот театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал“ стана рамноправен член на Европската асоцијација на Шекспир фестивали.

Оваа одлука, како што информира „Битола Шекспир фестивал“, е изгласана  во рамките на 10-тиот Интернационален Шекспир фестивал во Крајова, Романија, кога се одржа и годишното собрание на престижната европска асоцијација на манифестации кои го негуваат творештвото на големиот Шекспир.

– Вклучувањето на „Битола Шекспир фестивал“ во оваа Европска асоцијација е од особено значење бидејќи ќе отвори многу нови можности за иден развој на Фестивалот и за поинтензивна соработка со другите фестивали од Полска, Германија, Романија, Франција, Унгарија, Англија, Србија и од други држави, се вели во соопштението од „Битола Шекспир фестивал“.

Претставник од Република Македонија беше уметничкиот директор на „Битола Шекспир фестивал“, Благој Мицевски. Тој пред своите европски колеги ги презентираше досегашните изданија на Фестивалот и ја најави програмата за четвртото издание кое годинава, со поддршка од Министерството за култура, ќе се одржи во последната недела од јуни во Битола.

Членовите на Асоцијацијата ја истакнаа обемната и разновидна програма на „Битола Шескпир фестивал“, регионалната соработка што ја поттикнува Фестивалот, како и интересот за големи компании од Европа и од светот за учество на овој театарски фестивал.

Без коментари

LEAVE A REPLY