Битолскиот театар ја воодушеви публиката во Подгорица

0
2072

Битолскиот театар викендов гостуваше во Подгорица, каде учествуваше на фестивалот ФИАТ, фестивал на интернационален алтернативен театар, со претставата Хамлет машина по текст на Хајнер Милер и авторски текстови на драматургот Билјана Крајчевска и актерите, а во режија на Андраш Урбан.

Претставата е документарна приказна за човекот што размислува за својата положба image1во општеството.

Користејќи ја отвореноста и флексибилноста на текстот за интерпретација, Урбан создава единствен авторски проект, поврзан со моменталните општествени, јавни и културни случувања во Македонија.image2

Актерската екипа ја сочинуваат-Катерина Аневска,Соња Ошавкова, Петар Горко, Никола Пројчевски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Огнен Дранговски, Валентина Грамосли, Илина Чоревска, Борче Ѓаковски.

Сценографијата е на Валентин Светозарев а костимите на Благој Мицевски.

Со оваа претстава Битолскиот театар гостуваше и на фестивалот Desire во Суботица .