Битолскиот театар со претставата Кралски игри најдобар на фестивалот Војдан Чернодрински

0
954

Жири комисија на 51-от Македонски Театарски Фестивал “Војдан Чернодрински” Прилеп, во состав:Васе Манчев, претседател и членовите Владо Јовановски и Јани Бојаџи,наградата за уметничко остварување на претстава во целина, ја додели на претставата од Битолскиот театар Кралски игри, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, кој на овој фестивал е награден и за најдобра режја.

Наградата за главна женска улога е доделена на битолската актерка Катерина Аневска, за улогата на Ана Болејн во Кралски игри.

Оваа претстава ја доби и наградата за најдобра сценографија на сценографот Валентин Светозарев.

Во претставата главната машка улога ја игра Петар Горко, а во останатите улоги се: Иван Јерчиќ, Луција Јерчиќ, Слободан Степановски, Викторија Степановска, Соња Михајлова, Борис Чоревски, Борче Ѓаковски, Сандра Грибовска, Душко Јовановиќ, Васко Мавровски, Александар Копања, Никола Пројчевски, Петар Спировски, Јулијана Стефановска, Александар Стефановски, Огнен Дранговски.

Музиката е на Марјан Неќак, костимографијата на Андреј Ѓоргиевски

Останатите награди на фестивалот Војдан Чернодрински се доделени на: НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ- Владимир СИМОНОВСКИ за рекламниот материјал од претставата „ЈОВ“ во изведба на Драмски театар – Скопје, НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА се доделува на Кире МИЛАДИНОСКИ за кореографија и сценски движења во претставата „СТАРИЦАТА ОД КАЛКУТА“ во изведба на НУЦК „Ј.Х.К. Џинот“ – Театар Велес, а во режија на битолската режисерка Софија Ристевска. НАГРАДА ЗА МУЗИКА се доделува на Горан ТРАЈКОВСКИ за музиката во претставата „ПРОМЕТЕЈ“ во изведба на Турски театар – Скопје, НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА се доделува на Розе ТРАЈЧЕВСКА за костимите во претставата „АЈНШТАЈНОВИТЕ СОНИШТА“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп и Театар на Навигаторот Цветко – Скопје, НАГРАДА ЗА МЛАДА АКТЕРКА се доделува на Талија НАСТОВА за улогата во претставата „СТАРИЦАТА ОД КАЛКУТА“ во изведба на НУЦК „Ј.Х.К. Џинот“ – Театар Велес, НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР “ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ” се доделува на Марко ТРАЈКОВИЌ за улогата на ЗЕМЉАНИКА во претставата „РЕВИЗОР“ во изведба на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Театар Куманово, НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА се доделува на Билјана ДРАГИЧЕВИЌ-ПРОЈКОВСКА за улогата на СЕРАФИМА ИЛИНЧИНА во претставата „ЖИВОТОТ Е ПРЕКРАСЕН“ во изведба на Македонски народен театар – Скопје, НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА “ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ” се доделува на Кољо ЧЕРКЕЗОВ за улогата на КОНТРОЛОРОТ во претставата „НИ ЌАР НИ ЗИЈАН“ во изведба на Народен театар – Струмица, НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА се доделува на Русомир БОГДАНОВСКИ за драматизацијата во претставата „АЈНШТАЈНОВИТЕ СОНИШТА“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп и Театар на Навигаторот Цветко – Скопје, НАГРАДА ЗА ТЕКСТ се доделува на Венко АНДОНОВСКИ за текстот „ЈОВ“во истоимената претстава во изведба на Драмски театар – Скопје, НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА се доделува на Никола РИСТАНОВСКИ за улогата на ПОДСЕКАЉНИКОВ во претставата „ЖИВОТОТ Е ПРЕКРАСЕН“ во изведба на Македонски народен театар – Скопје. СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА ПРОДУКЦИСКА И СЦЕНСКА ФУНКЦИОНАЛНОСТ се доделува на ансамблот на претставата „ЈОВ“ во изведба на Драмски театар – Скопје.

Годинашни добитници на наградите за животно дело се театарскиот критичар Лилјана Мазова и актерите Илијаме Билјали од Албанскиот театар и Сабина Ајрула од Драмскиот театар од Скопје.