Битолскиот театар вечер гостува на фестивалот Охридско лето

0
1050

Народниот театар од Битола на годинешното 57. издание на Фестивалот „Охридско лето“, ќе ја изведе премиерната изведба на „Сон на летната ноќ“ на Шекспир, што ќе се игра на сцената „Долни Сарај“, вечер од 21 часот.

Режисер на оваа можеби најпозната комедија напишана на англиски јазик е Џон Блондејл, со кој Битолскиот театар соработува повеќе години.

Блондел за концептот при поставувањето на ова дело на Вилијам Шекспир рече дека го осмислува веќе 25 години, досега пет пати поставувајќи ја токму таа комедија, со исто толку ансамбли и на три различни јазици.

Текстот на Шекспир, според него, е посебен сам по себе, зборува за тоа што е љубовта, кога ја пронаоѓаме, губиме, повторно ја наоѓаме, што се ни се случува во сиот тој процес на лично менување.

Катерина Аневска, која ја толкува улогата на Титанија во претставата, рече дека ова и е прва соработка со режисерот Блондејл, , кој веќе трипати работел на проекти со Народниот театар од Битола.

Драматургот на претставата Билјана Крајчевска истакна- Делото отвора многу животни прашања и проблеми, од власта до љубовта. На крајот стигнавме до наша заедничка приказна која говори за тоа што значи нешто да добиваш, кога нешто ќе изгубиш…Тука се вметнати дел од нашите лични приказни, што ќе ги претставиме во двочасовна игра.

На прес конференцијата во Охрид беше претставено официјално новото раководство на Битолскиот театар, в.д.директорот Иван Јерчиќ и уметничкиот директор Илина Чоревска.

За овој проект е ангажирана бројна актерска екипа на Битолскиот театар: Петар Горко, Илина Чоревска, Никола Пројчевски, Марјан Ѓорѓиевски, Викторија Степановска Јанкуловска, Маја Андоновска Илиевски, Слободан Степановски, Александар Стефановски, Огнен Дранговски, Катерина Аневска, Петар Спировски, Соња Михајлова, Јулијана Мирчевска, Валентина Грамосли, Менка Бојаџиева, Јулијана Стефановска и Елена Моше.

Драматург на претставата е Билјана Крајчевска, костимограф Благој Мицевски, сценограф Валентин Светозарев, музика Александар Димовски.

Ова е втора премиера на театарска претстава во рамки на драмската програма на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“, а осма премиера по ред на сцената на Битолскиот театар.

Битолчани имаа можност да ја погледнат предпремиерната изведба на претставата на 31- ви јули, на сцената во Народниот театар Битола.

Без коментари