Битолскиот Универзитет го слави својот патрон

0
753
????????????????????????????????????

По повод патрониот празник на Универзитетот Св.Климент Охридски Битола, 8-ми декември и 1100 години од упокојувањето на Св. Климент, беше одржана свечена академија.

Македонските студенти се дел од единствениот европски образовен простор. Се стипендираат студентите кои со своите врвни резултати ќе успеат да се запишат на најпрестижните универзитети во светот. Македонските млади научници се натпреваруваат на светски натпревари и освојуваат награди на меѓународни научни олимпијади.

Македонија има образование кое е задолжително, но и достапно за секој, беше истакнато на самиот почеток од свечената манифестација.

– Денес имаме совршен повод да славиме , да се навратиме на почетоците, да погледнеме кон иднината, кон новите хоризонти, да празнуваме , истакна ректорот на Универзитетот Проф.д-р.Сашо Коруновски, воедно истакнувајќи ја големината на Св. Климент, чие дело и по 11 векови од упокојувањето, повторно се слави.

– Пораките што ни ги пренесува Св. Климент се трајни и непроменливи. Во Македонија денес скоро во секој град има институција, улица, црква или барем паметник со неговото име, а токму вториот најстар универзитет во Република Македонија – Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола го носи името на основоположникот на првиот словенски универзитет-додаде Коруновси.

Со овој празник и прославата , Универзитетот се придружува кон бројните институции во државата кои го празнуваат споменот на првиот македонски Епископ и основач на Охридската книжевна школа.

Свечената академија беше збогатена со уметничка програма во која битолските актери Викторија Степановска Јанкуловска и Петар Спировски рецитираа стихови од тропарот на Св. Климент, на манифестацијата настапи и хоротБутелиот класик хорус, под диригентска палка на Лилјана Трајковска, за потоа да настапи Владимир Четкар.