Битолските адвокати го прославија Денот на адвокатурата

0
1936

 

Адвокатурата е професија која е една од најтешките, но и една од најбараните и најценетите во светот. Ова го велат битолските адвокати кои синоќа го одбележаа Денот на адвокатурата и адвокатите во Битола.

-Сум работел повеќе дејности, но кога повторно би требало да работам, би ја одбрал адвокатурата, вели Јосиф Иваноски, адвокат. josif

И оваа година како и минатата, на прославата беа присутни и од Адвокатската комора од Крагуевац, Србија.

-Многу сум среќен затоа што потекнувам од овој крај по татко ми. Втора година доаѓам. Исти се проблемите и во Србија и во Македонија, нема разлика во проблемите, вели Борис Рибаровски, Адвокатска комора Крагуевац.
boris
Од комората велат дека адвокатската дејност се повеќе се проширува и расте.

-Му даваме значение зашто секој адвокат заслужува признание во државата заради борбата за остварување на правата на граѓаните, изјави Владо Докулевски, адвокат.vlado

На 16.12.1976 г. адвокатите од Битола за првпат формално и правно одлучија да регистрираат Општинска адвокатска организација, која имаше за цел да ги штити и да ги застапува интересите на адвокатурата, а континуитетот на таа организација го продолжи Адвокатската заедница на Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY