Битолските деца најзагрозени од загадениот воздух

0
380

Децата во Битола и Велес најзагрозени од загадениот воздух. Вака пишува порталот емагазин.мк од податоците до кои што дошле, и кои откриваат дека месечната стапка на ( %) на болни од неспецифични респираторни болести во 2016 година кај предучилишните деца во град е највисока во Велес 3874,3% или за 2,14 пати над републичкиот просек. А највисока стапка на заболени училишни деца во град е регистриртана во Битола 2304% во 2016 година , или за 2,42 пати поголема од републичкиот просек .

Во Центрите за јавно здравје се изработува здравствената евиденција за влијанието на загадениот воздух врз здравјето на населението.

Се следи месечниот и сезонскиот морбитет од неспецифични респираторни болести ( болести на дишниоте органи) кај предучилишни ( од 0-6 години) и училини деца ( од 7-14 години) посебно за град и село.

Најниска стапка за предучилишни деца во град е забележана во Пехчево 86,19% или за 21 помалку од републичкиот просек во 2016 година. За училишни деца најниска стапка во град Пехчево 111,21% за 2016 година или за 8,6% под републичкиот просек

Инаку податоците на Институтот за јавно здравје потврдуваат дека постои значајна разлика во годишната стапка на болни во републичкиот просек во село во однос на град од неспецифични респираторни болести без грип односно помалку заболуваат децата од село во град.